Едукацијата е наменета за администратори и обични корисници кои имаат потреба да го зголемат своето познавање од сајбер безбедноста.
Понудените тренинзи се во времетраење од 1 ден и имаат за цел да ги запознаат слушателите со тековните закани, нивната имплементација, решенија за справување со закани и превенција. Тренинзите покриваат технички и процедурални аспекти и се слични на комерцијално достапните слични услуги.
Погледнете кои тренинзи се нудат во моментот и изберете настан за кој сте заинтересирани да се пријавите.