Се справуваме со сајбер безбедносни инциденти со цел да ја заштитиме мрежата на ФИНКИ.

Типови на инциденти со кои работиме:

  • Инциденти кои се закануваат на безбедноста на мрежната инфраструктура на ФИНКИ.
    (како на пример DoS напади, пробивање на лозинки, скенирање на порти, и слични)
  • Напади на корисници и сервиси на мрежата на ФИНКИ.
    (на пример, phishing или e-mail измами)
  • Други сајбер безбедносни инциденти кои се од значење за ФИНКИ.

Типови на проблеми со кои не се занимаваме:

  • Вашата anti-malware софтверска алатка ве известува за инфицирана датотека.
  • Добивање на spam.
  • Не можете да се логирате на компјутер во некоја училница.
  • Вашиот компјутер "чудно" се однесува.
  • Кражба на ИТ опрема која содржи важни податоци.

Нашиот совет: не ја потценувајте превенцијата. Логичкото размислување и основното познавање за сајбер безбедноста можат да ве заштитат од поголемиот број проблеми.

Не сте сигурни дали треба да пријавите инцидент?

Од вас не се очекува да бидете експерт за сајбер безбедност. Тоа е наша работа. Затоа, ако не сте сигурни дали безбедносниот инцидент спаѓа во една од категориите со кои ние се занимаваме, ве молиме да го пријавите.

Пријава на инцидент


    Инструкции за пријава на инцидент:

    1. За пријава на инцидент користете го само комуникацискиот канал кој е на оваа страница.
    2. Вашата пријава на инцидент мора да се поврзе со вашата Универзитетска e-mail адреса.
    3. Информацијата која треба да е вклучена во вашата пријава за инцидент треба да содржи (доколку е возможно):
      • идентитет (име, број на индекс, ....),
      • краток, но комплетен опис на проблемот,
      • доменското име на афектираната машина/корисник,
      • типот на инцидентот (ако го знаете),
      • можете и да прикачите документ кој ќе нуди повеќе информации. На пример, во случај на e-mail инцидент од типот phishing, прикачете ја оригиналната порака заедно со комплетното заглавје.