Предмети на ФИНКИ

Прелгед на предмети на ФИНКИ кои однесуваат на областите блиски до активностите на CIRT.

Код

Предмет

Цели

Опис

F18L1S066 Основи на сајбер безбедноста Студентот ќе се запознае со концептот на сајбер безбедност, закани и ризици. Ќе биде свесен за проблемите предизвикани од сајбер криминалот и ќе биде во можност да ги разбира ризиците од напади и основните механизми како да се заштити од нив.
F18L2S061 Безжични и мобилни системи Познавање и разбирање на системите за безжична и мобилна комуникација
F18L3W060 Администрација на системи Системската администрација претставува комплексен процес на оперативно управување со системските и софтверските компоненти кај компјутерските системи, се со цел да се обезбеди безбедни, надежни и достапни сервиси и услуги на корисниците. Организацијата на процесот на системска администрација е повеќестран и вклучува активности поврзани со управување со оперативни системи, мрежни сервиси како и на апликативни и други серверски системи.
F18L3W065 Мрежна безбедност Целта на овој курсот е да се покријат принципите за сигурноста кај компјутерските системи и мрежи, при што студентот ќе се запознае со различни техники за напад и одбрана.Студентот ќе се запознае со техники на пишување на безбеден код
F18L3W043 Информациска безбедност Изучување на основните сигурносни модели за контрола на пристап, на протоколи и софтвер за компјутерски конфигурации
F18L3S059 Администрација на мрежи По завршувањето на курсот се очекува студентот да ги разбира проблемите на администрацијата со мрежи и да знае да ги применува на методите и алатките за администрација со комуникациски мрежи.
F18L3S062 Виртуелизација Запознавање со виртуелизацијата како парадигма на креирање на виртуелни компјутерски системи преку софтверска виртуелизација на харверските компоненти. Обработка на различните аспекти на виртуелизацијата, технологиите и техниките вклучени во процесот, како и придобивките и губитоците кои се појавуваат во процесот на виртуелизација.
F18L3S093 Дигитална форензика По завршување на курсот студентите ќе се стекнат со знаење за принципите и техниките потребни за една дигитална форензичка истрага. Студентите ќе се стекнат и со практично искуство за работа со различни форензички алатки за различни оперативни системи.
F18L3S122 Криптографија Запознавање со основните криптографски принципи и методи; изучување на основните криптодизајни; практично користење на изучените криптографски алгоритми.
F18L3S159 Софтверски дефинирана безбедност Разбирање и примена на клучните концепти од развој на безбеден софтвер во поглед на податоци, автентикација, авторизација и безбедни веб апликации.
F18L3W133 Мрежна и мобилна форензика Студентот ќе се здобие со знаења за примена на методологии за собирање, зачувување, анализа и документација на дигитални докази пронајдени како резултат на сајбер криминал во мрежна и мобилна околина. Студентот ќе знае како да анализира и интерпретира живи мрежни мобилни дигитални докази.
F18L3S121 Блоковски вериги и криптовалути Целта на овој курс е да овозможи на слушателите да разберат како фунцкционираат крипто валутите, и идејата, технологиите и организациите кои ги поддржуваат или произлегуваат од нив.
F18L3S101 Етичко хакирање Студентот ќе ги запознае основните концепти, техники и алатки кои се користат во полето на безбедност на системи. Со преземање на улогата на “напаѓач” студентот ќе се стекне со знаење за повеќето сигурносни слабости во неговата околина и начин како да се заштити од нив.
F18L3S139 Напредни теми од криптографија Градење на сигурна крипто-примитива која ќе биде отпорна не само на теориски напади, туку и на практични (side-channel) напади.
Close Menu