Код
|
Предмет
|
Цели
|
Опис
|
F18L1S066 |
Основи на сајбер безбедноста |
Студентот ќе се запознае со концептот на сајбер безбедност, закани и ризици. Ќе биде свесен за проблемите предизвикани од сајбер криминалот и ќе биде во можност да ги разбира ризиците од напади и основните механизми како да се заштити од нив. |
|
F18L2S061 |
Безжични и мобилни системи |
Познавање и разбирање на системите за безжична и мобилна комуникација |
|
F18L3W060 |
Администрација на системи |
Системската администрација претставува комплексен процес на оперативно управување со системските и софтверските компоненти кај компјутерските системи, се со цел да се обезбеди безбедни, надежни и достапни сервиси и услуги на корисниците. Организацијата на процесот на системска администрација е повеќестран и вклучува активности поврзани со управување со оперативни системи, мрежни сервиси како и на апликативни и други серверски системи. |
|
F18L3W065 |
Мрежна безбедност |
Целта на овој курсот е да се покријат принципите за сигурноста кај компјутерските системи и мрежи, при што студентот ќе се запознае со различни техники за напад и одбрана.Студентот ќе се запознае со техники на пишување на безбеден код |
|
F18L3W043 |
Информациска безбедност |
Изучување на основните сигурносни модели за контрола на пристап, на протоколи и софтвер за компјутерски конфигурации |
|
F18L3S059 |
Администрација на мрежи |
По завршувањето на курсот се очекува студентот да ги разбира проблемите на администрацијата со мрежи и да знае да ги применува на методите и алатките за администрација со комуникациски мрежи. |
|
F18L3S062 |
Виртуелизација |
Запознавање со виртуелизацијата како парадигма на креирање на виртуелни компјутерски системи преку софтверска виртуелизација на харверските компоненти. Обработка на различните аспекти на виртуелизацијата, технологиите и техниките вклучени во процесот, како и придобивките и губитоците кои се појавуваат во процесот на виртуелизација. |
|
F18L3S093 |
Дигитална форензика |
По завршување на курсот студентите ќе се стекнат со знаење за принципите и техниките потребни за една дигитална форензичка истрага. Студентите ќе се стекнат и со практично искуство за работа со различни форензички алатки за различни оперативни системи. |
|
F18L3S122 |
Криптографија |
Запознавање со основните криптографски принципи и методи; изучување на основните криптодизајни; практично користење на изучените криптографски алгоритми. |
|
F18L3S159 |
Софтверски дефинирана безбедност |
Разбирање и примена на клучните концепти од развој на безбеден софтвер во поглед на податоци, автентикација, авторизација и безбедни веб апликации. |
|
F18L3W133 |
Мрежна и мобилна форензика |
Студентот ќе се здобие со знаења за примена на методологии за собирање, зачувување, анализа и документација на дигитални докази пронајдени како резултат на сајбер криминал во мрежна и мобилна околина. Студентот ќе знае како да анализира и интерпретира живи мрежни мобилни дигитални докази. |
|
F18L3S121 |
Блоковски вериги и криптовалути |
Целта на овој курс е да овозможи на слушателите да разберат како фунцкционираат крипто валутите, и идејата, технологиите и организациите кои ги поддржуваат или произлегуваат од нив. |
|
F18L3S101 |
Етичко хакирање |
Студентот ќе ги запознае основните концепти, техники и алатки кои се користат во полето на безбедност на системи. Со преземање на улогата на “напаѓач” студентот ќе се стекне со знаење за повеќето сигурносни слабости во неговата околина и начин како да се заштити од нив. |
|
F18L3S139 |
Напредни теми од криптографија |
Градење на сигурна крипто-примитива која ќе биде отпорна не само на теориски напади, туку и на практични (side-channel) напади. |
|